Дома Топ вести Роналдо сака да си оди, проблем е платата

Роналдо сака да си оди, проблем е платата

Кристиано Роналдо е незадоволен во Торино и по завршувањето на сезоната сака да го напушти Јувентус.

„Газета дело Спорт“ пренесува дека  36-годишниот Португалец го замолил својот агент, Жорге Мендеш, да му најде нов клуб.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Доколку Јувентус не избори пласман во Лигата на шампиони тогаш Роналдо сигурно ќе си замине, а причината е финансиска природа.

Португалецот годишно заработува 31 милион евра, па Јувентус сигурно ќе сака да се ослободи од високата плата.

Проблем за Ронало и Јувентус може да биде фактот што во моментов нема клуб кој е спремен да му дава толкава плата. Реал Мадрид и ПСЖ ја одбиле можноста да го ангажираат, а Манчестер Јунајтед е спремен да му понуди само половина од актуелната плата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Барселона го најде наследникот на Левандовски

Барселона сака да ангажира талентиран фудбалер во нападот, а изборот паднал на фантас…