Дома Фудбал Лига на шампиони Роналдо: Реал Мадрид? Може, но не сега

Роналдо: Реал Мадрид? Може, но не сега

Кристиано Роналдо летото 2018 година во трансфер вреден 100 милиони евра премина од Реал Мадрид во Јувентус.

Јувентус на титулата во Европа чека долго време и токму поради тоа клубот го доведе Роналдо.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во првата сезона на Роналдо стигнаа до четвртфиналето каде што ги запре Ајакс, а оваа сезона без поголеми проблеми ја поминаа групната фаза.

Еден од потенцијалните противници на Јувентус во осминафиналето е Реал Мадрид и Роналдо сака да игра против својот поранешен тим, но во финалето.

„Реал Мадрид во осминафиналето? Тие се извонреден тим, но не би сакал да играме во оваа фаза против нив, можеби во финалето. Би потпишал за такво нешто“, изјави Роналдо.

Роналдо во досегашниот дел од Лигата на шампионите постигна два гола. Ждребот за осминафинлето е во понедленик.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Фудбалерот на Челзи изненади со пораката по голот против Тотенхем

Фудбалерите на Челзи вчера го совладаа тимот на Тотенхем со 2:0 во натпреварот од англиска…