Дома Фудбал Останато Роналдо: Очекував трофеј, но ќе го освоиме следната сезона

Роналдо: Очекував трофеј, но ќе го освоиме следната сезона

Кристиано Роналдо истакна дека е среќен во Ал-Наср, но ја оцени како неуспешна својата прва сезона во Саудиска Арабија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Португалецот истакна дека е разочаран поради фактот што тимот не стигнал до титулата, но очекува да ја освои следната година.

„Моите очекувања беа малку поинакви да бидам искрен. Се надевав дека ќе освојам нешто оваа сезона, но работите не одат секогаш како што сакате. Понекогаш ви треба страст, желба и упорност за да успеете. Се уште верувам дека следната година ќе се претставиме подобро“.

„Во последните 5-6 месеци тимот се разви многу. Истото може да се каже и за другите тимови во лигата. Се надевав на трофеј оваа година, но тоа не се случи. Но, следниот пат, сигурен сум дека работите ќе се сменат и ќе се претставиме подобро“, изјави Роналдо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Како гром од ведро небо: Англиски гигант се вклучи во приказната околу Винисиус Жуниор!

Иднината на Винисиус Жуниор во Реал Мадрид сè уште е една од главните теми во европскиот ф…