Дома Фудбал Репрезентации Роналдо: Ние сме тим во секоја смисла на зборот, се бориме за нашиот сон!

Роналдо: Ние сме тим во секоја смисла на зборот, се бориме за нашиот сон!

Утрово португалскиот „Рекорд“ објави дека Кристијано Роналдо се заканил со заминување од репрезентација кога селекторот Фернандо Сантош му соопштил дека нема да биде стартер.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Подоцна Фудбалската федерација на Португалија се огласи со демант на таквите информација, а се јави и самиот Роналдо.

„Група е премногу блиска за да биде срушена од надворешни сили. Нација премногу храбра за да биде исплашена од било кој противник. Тим во вистинска смисла на зборот, кој до крај ќе се бори за сонот! Верувајте во нас! Силна, Португалија!“, гласи пораката на Роналдо.

Четвртфиналето против Мароко, Португалија ја очекува во сабота.

Португалците се фаворити, но после се што направија во групата и победата против Шпанија, Мароканците никако не смеат да се отпишат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Снимка од брутална тепачка меѓу англиски фудбалери ја шокира планетата (Видео)

На социјалните мрежи се појави видео од инцидентот во кампот на младите селекции на Англиј…