Еден од најпознатите спортски новинари во Велика Британија, Пирс Морган верува дека Кристиано Роналдо сигурно ќе го напушти Манчестер Јунајтед ова лето.




Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Португалецот не отиде со тимот на подготовки во Азија и Австралија поради, лични причини, но побара трансфер од раководството.
Роналдо сака да го напушти „Олд Трафорд“ и да се пресели во тим кој настапува во Лигата на шампиони.




„Имав многу контакти во претходната недела. Мислам дека е малку веројатно дека Кристиано Роналдо повторно ќе одигра натпревар за Манчестер Јунајтед. Мислам дека во главата веќе е подготвен за нов предизвик”, изјави Морган.




„Мислам дека тој чувствува дека структурата на клубот не е во ред. Роналдо има почит кон новиот тренер Тен Хаг, но не е јасно во која насока сега оди Јунајтед“, додаде новинарот.