Дома Фудбал Англија Роналдо незадоволен, неговиот агент итно допатува во Манчестер

Роналдо незадоволен, неговиот агент итно допатува во Манчестер

Агентот на Кристиано Роналдо, Жорге Мендеш пристигна во Англија за да одржи вонредни разговори со ѕвездата на Манчестер Јунајтед за неговата иднина на „Олд Трафорд“. 

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Португалецот наводно е многу незадоволен од тоа како се развиле работите по неговото враќање на „Олд Трафорд“, иако има постигнато 14 гола на 21 настап. Но, Јунајтед заостанува 22 бода зад водечкиот Манчестер Сити, и Роналдо е фрустриран од ситуацијата.

Тимот е под жестоки критики и Роналдо е свесен дека важи за лидер на тој тим, па е загрижен дека ќе ја нариши својата репутација и дека враќањето на „Олд Трафорд“ ќе заврши катастрофално.

Според „Деји Мејл“, Роналдо е загрижен и поради тактиката на привремениот менаџер Ралф Рангник, па поради тоа Мендеш итно пристигна на разговори во Манчестер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Арбелоа најде клуб во Премиер лигата

Лошо заврши епизодата на Алваро Арбелоа во Реал Мадрид. Како ПАМЕТНО да типувате на World …