Дома Фудбал Останато Роналдо за напуштањето на стадионот може да добие суспензија од две години!?

Роналдо за напуштањето на стадионот може да добие суспензија од две години!?

Јувентус вчера го победи Милан во дербито со 1:0, меѓутоа она што е во центарот на вниманието после натпреварот е одлуката на Сари уште во 55-тата минута да го замени Роналдо.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Сари после натпреварот со Локомотив сега повторно го замени Роналдо и тоа овој пат многу порано. Роналдо и против Локомотив и против Милан јасно покажа незадоволство.

Свој коментар на целата ситуација сега даде и поранешниот фудбалер Антонио Касано. Касано тврди дека Роналдо за напуштањето на стадионот пред да заврши натпреварот може да биде казнет со суспензија од две години.

„Заминал пред крајот на натпреварот? Такво нешто не смее да направи поради анти-допинг контролата. Поради таков потег може да добие суспензија од две години“, изјави Касано.

Сега, ако Роналдо навистина заминал порано може да се најде во голем проблем доколку зборовите на Касано се точни. Меѓутоа постои и можност Роналдо да проверил дали тој е на листата на неколку фудбалери кои треба да бидат проверени, па да си заминал кога видел дека не е.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Покетино после дебаклот: Јас сум главниот виновник

Фудбалерите на САД беа елиминирани од Светското првенство откако во осминафиналето загубиј…