Шпанскиот медиум „Дон Балон“ тврди дека Кристиано Роналдо им препорачал на челниците на италијанскиот клуб да го донесат хрватскиот репрезентативец.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Не станува збор за неговиот поранешен соиграч Лука Модриќ, туку за играчот на Барселона, Иван Ракитиќ.
Шпанските медиуми тврдат дека Ракитиќ не е задоволен во Барселона бидејќи се уште не добил нов договор, иако ова лето одби богата понуда од ПСЖ.
Роналдо смета дека Ракитиќ би бил идеално засилување за „старата дама“ и ги советува раководството да направи напори да го донесе во Торино.
Истиот извор пишува дека Јувентус е свесен дека ќе има жестока конкуренција за потписот на Ракитиќ, бидејќи ПСЖ е спремен да плати 100 милиони евра за Хрватот.
Прашање е дали Каталонците ќе дозволат да го загубат еден од клучните играчи во тимот или сепак ќе му понудат нов договор.
