Дома Фудбал Роналдињо: После Мундијалот во Русија не ни замислував дека ќе гледам ново СП без Италија

Роналдињо: После Мундијалот во Русија не ни замислував дека ќе гледам ново СП без Италија

Eден од најголемите фудбалери на сите времиа, Бразилецот Роналдињо ја коментираше победата на Македонија над Италија во баражот за Светското првенство.

Македонија приреди супер изненадување и го елиминираше актуелниот европски шампион од баражот, но сепак во финалниот бараж натпревар нашата репрезентација беше запрена од Португалија, немавме сили за ново изненадување.

„Елиминацијата на Италија беше сензационално изненадување. Светското првенство без Италија губи многу. За оние кои ги сакаат фудбалот како мене штета е што „Аѕурите“ ќе ги нема на Мундијалот. Жалам за тоа и после Русија во 2018 година не ни замислував дека ќе гледам уште едно Светско првенство без Италија“, изјави Роналдињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Чурлинов повторно достапен за Македонија пред завршните два дуела во Лигата Б

Дарко Чурлинов ги реши проблемите со престојот во Полска и ќе може да се приклучи на репре…