Дома Фудбал Останато Роналдињо поминува низ тешки денови

Роналдињо поминува низ тешки денови

Бразилскиот фудбалер неодамна објави дека прележал коронавирус.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Меѓутоа проблемите за легендарниот играч продолжија откако ја напушти изолацијата. Имено, Роналдињо се огласи на Инстаграм и откри дека неговата мајка Мигуелина е позитивна.

Неговата 71 годишна мајка претходно имаше здравствени проблеми поради што беше дел од критичната група. Имаше симптими неколку дена, а тестот на крајот покажа дека и таа е заразена.

Роналдињо преку Инстаграм откри дека неговата мајка е во болница и дека ситуацијата не е добра.

„Мојата мајка е во болница на интезивна нега. Има коронавирус и се бори да се опорави. Молете се за неа и ви благодарам на пораките кои ми ги испраќате“, порача Роналдињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Артета за одлуката на ВАР која можеби го реши шампионатот: Големо, но праведно решение!

Арсенал го победи Вест Хем во гостување со 1:0 во 36. коло од Премиер лигата и е многу бли…