Дома Фудбал Останато Роналдињо за затворските денови: Игравме „пет на пет“ со чуварите…

Роналдињо за затворските денови: Игравме „пет на пет“ со чуварите…

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, легендарниот Бразилец Роналдињо, падна на најниско ниво во 2020 година кога заврши во парагвајски затвор поради користење лажен пасош.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Извесно време помина зад решетки и Бразилецот не сака премногу јавно да зборува за тоа, но сега откри една анегдота од затворските денови.

Познатиот ас призна дека имал посебен третман.

„Влегов во затворот убеден дека ќе ме тепаат секој ден и ќе ги прават сите оние страшни работи што вообичаено ги прават во затворите“, изјави Роналдињо и додаде:

“Меѓутоа, наместо тоа, затворениците веднаш ги повикаа чуварите. Тие побараа топка за да им покажам трикови и да ги забавувам. Веќе следното утро игравме пет на пет против чуварите”, откри славниот фудбалер.

Роналдињо доминираше во затворот, неговиот тим беше непоразен на тие натпревари, а на еден турнир како главна награда освои и печено прасе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Играч на Барселона бесен го напушти тренингот по срцепарателните зборови на Флик

Роналд Араухо не е единствениот кој би можел да ја напушти Барселона во наредните денови б…