Дома Фудбал Роналдињо го советува Халанд: И јас имав голема понуда од Јунајтед, но ја избрав Барселона

Роналдињо го советува Халанд: И јас имав голема понуда од Јунајтед, но ја избрав Барселона

Бразилската фудбалска легенда, Роналдињо го советуваше Ерлинг Халанд во изборот на неговиот нов клуб.

Норвешкиот напаѓач од редовите на Борусија има разни понуди од европските гиганти кои сакаат да го доведат во своите редови, а бразилската легенда даде неколку совети на младата ѕвезда.

„Имав прилика да одам во Манчестер Јунајтед во 2003 година, за условите во тоа време добив огромна финансиска понуда, но избрав да одам во Барселона затоа што тоа беше нешто за кое сонував. Халанд мора да го следи својот сон, но јас не знам кој е точно неговиот сон“, изјави Роналдињо.

Халанд во овој момент не се грижи многу за тоа каде ќе продолжи, а новинарот Фабрицио Романо објави дека Норвежанецот не донел одлука каде ќе игра следната сезона и дека тоа ќе го направи по завршувањето на актуелната сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Чурлинов повторно достапен за Македонија пред завршните два дуела во Лигата Б

Дарко Чурлинов ги реши проблемите со престојот во Полска и ќе може да се приклучи на репре…