Дома Фудбал Англија Роман Абрамович пред купување на нов клуб

Роман Абрамович пред купување на нов клуб

Рускиот милијардер, Роман Абрамович кој 19 години беше газда на Челзи, сега е без клуб откако мораше да ги продаде „сините“ поради војната во Украина, но изгледа дека не може без фудбал.

Абрамович го предводеше Челзи од 2003 до 2022 година и инвестираше многу пари кои на Челзи му донесоа во Англија и Европа. Челзи мораше да го продаде поради притисокот од јавноста и најавите за санкции кон клубот затоа што тој е близок со Владимир Путин.

Сега бразилските медиуми пренесуваат дека Абрамович може да купи клуб од Бразил, а имал две опции, Атлетико Минеиро и Сао Паоло.

Новата идеја на Абрамович е да создаде екипа со која ќе доминира во Јужна Америка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ништо од големо засилување за Спалети: Поранешниот фудбалер на Милан нема да потпише за Јувентус

Утрово заврши една од големите летни саги откако познатиот африкански фудбалер Франк Кеси …