Дома Фудбал Италија Рома прави се за Дибала: Аргентинецот ќе има специјален медицински тим

Рома прави се за Дибала: Аргентинецот ќе има специјален медицински тим

Паоло Дибала кога е на теренот е еден од најважните фудбалери на Рома, така беше и во Јувентус, но Аргентинецот има сериозни проблеми со повредите.

Токму повредите беа главната причина што Јувентус не сакаше да му ги исполни неговите барања, па Аргентинецот одлучи да се пресели во редовите на Рома.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Сега со цел да се избегнат или намалат повредите на Дибала, Рома ангажирала посебен медицински тим кој ќе има задача да се грижи само за Дибала.

„Газета дело Спорт“ пишува дека Дибала во новата сезона ќе има двајца физиотерапевти, еден хирорактик, еден нутриционист и еден готвач.

Дибала и во овој момент се опоравува од повреда откако доби удар во пријателскиот натпревар со Тулуз, ситуацијата не била сериозна, но сепак е отсутен од тимските тренинзи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Падна еден од најбрзите голови во историјата на фудбалот, мрежата се тресеше за само осум секунди! (Видео)

На домашен терен, Сент Патрикс ги пречека Боемианс во дерби натпревар за водечката позициј…