Дома Фудбал Италија Рома на мета на УЕФА – нов спонзор или избор помеѓу Наинголан и човекот кого го сака половина Европа?

Рома на мета на УЕФА – нов спонзор или избор помеѓу Наинголан и човекот кого го сака половина Европа?

roma

И понатмау се под закани од казна и нешто мораат да направат во јуни.

Како да им нема крај на финансиските проблеми на Рома, го продадоа Емерсон на Челси, но одбивањето на Џеко да премине на „Стенфорд Бриџ“ се уште ги остава на мета на УЕФА поради ФФП.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Рома дури и да се квалификува во Лигата на шампионите мораат да добијат уште 30 милиони евра до 1 јули со што би избегнале казна. Поради тоа или ќе мораат да договорат некој спонзорски договор (преговараат со Туркиш Ерлајнс) или да продадат некого за споменатата сума.

Со други зборови доколку нема спонзорски договор единствено што можат да го направат е да го убедат Наинголан да го прифати повикот од Кина или да се откажат од во овој момент највредниот во нивниот тим, голманот Алисон кого го посакува половина Европа.

Постои и опција да ја прифатат понудата од Јувентус за Пелегрини, но со таков потег самите би си „пукале во нога“.

Во секој случај јасно е дека клубот не заработува доволно и дека мора да продава, а оваа сезона од која имаа големи очекувања полека може да донесе проблеми.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…