Дома Останати Розенхолм со рекет му ги скрши забите на тенисерот Вучиќ

Розенхолм со рекет му ги скрши забите на тенисерот Вучиќ

Италијанскиот Сондриј пренесува шокантна вест за немил настан кој се случил за време на ITF турнирот, а во кој Швеѓанецот Патрик Розенхолм со рекет му ги скрши забите на српскиот тенисер Илија Вучиќ.

Розенхолм (541-во место на АТП), како што пренесуваат италијанските медиуми, во третиот сет од мечот против Италијанецот Лука Панкалди, во налет на бес го фрли рекетот кон тендата која ги одвојуваше двата терени.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Но, таму се наоѓал Вучиќ (692-ро место на АТП), кого рекетот го погодил право во устата. Според медиумите, тенисерот останал со два скршени заба и бил итно пренесен во болница.

Розенхолм моментално е дисквалификуван, забранет му е настап во парови и казнет е со 500 долари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Ѓоковиќ доби нова улога заедно со најубавата спортистка на светот

Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, и една од највлијателните спортистки на…