Дома Фудбал Родри: Атлетико го има најдобриот тим во Примера

Родри: Атлетико го има најдобриот тим во Примера

Атлетико Мадрид денес и официјално го претстави новото засилување, играчот за врска Родриго Ернандес – Родри.

22-годишниот играч за врска последните три години играше во Виљареал, а „јорганџиите“ за неговиот потпис платија 20 милиони евра плус 5 милиони како бонуси.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Секогаш сонував да се вратам да играм за Атлетико. Би сакал да успеам да освојувам трофеи, за тоа сум тука“, изјави Родри, кој потекнува од школата на Атлетико.

„Мислам дека Атлетико ќе се бори за секоја титула. Ние сме меѓу петте или шесте најдобри тимови во Европа и според мене го имаме најсилниот тим во Примера“, заклучи Родри.

Родри треба да биде замена за Габи Фернандес и ќе го носи токму неговиот број, дресот со број 14.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Рикелме: Тони Крос е нешто најблиску до Роџер Федерер што сум го видел

Германскиот фудбалер Тони Крос ненадејно реши да ја заврши кариерата на 35 години. Одлични…