Дома Фудбал Англија Робертсон вчера на момент навивачите на Ливерпул ги потсети на кошмарниот кикс на Џерард (ВИДЕО)

Робертсон вчера на момент навивачите на Ливерпул ги потсети на кошмарниот кикс на Џерард (ВИДЕО)

Фудбалерите на Ливерпул вчера во големото дерби во Премиер лигата го победија Челзи со 2:0 и така ја продолжија трката со Манчестер Сити за шампионската титула.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Ливерпул води голема борба со Манчестер Сити за титулата шампион на Англија, а вчера пред своите навивачи успеа да слави во дербито со „сините“.

Пред овој натпревар многу се зборуваше за натпреварот помеѓу овие два клуба од 2014 година кога исто така се одлучуваше титулата, но тогаш Челзи го шокираше Ливерпул на „Енфилд“ и однесе три бода. Тој натпревар беше обележан со грешката на Џерард кој се лизна и поклони гол на Челзи.

Навивачите на Ливерпул вчера на момент веруваа дека ќе им се повтори таков случај, овој пат во центарот на вниманието беше Робертсон, но за нивна среќа Челзи не ја искористи неговата грешка.

На социјалните мрежи се појави видео со споредба на двете ситуации, изгледаат навистина слично.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Мурињо се сѐ повеќе поврзува со Реал – конечно го прекина молкот и ги коментираше шпекулациите

Жозе Мурињо ги негираше медиумските гласини кои го поврзуваат со враќање во Реал Мадрид. Н…