Дома Македонски спорт Ристовски: Нема алиби кога се игра за репрезентацијата!

Ристовски: Нема алиби кога се игра за репрезентацијата!

На прес-конференцијата пред пријателскиот натпревар со Финска заедно со селекторот Благоја Милевски присуствуваше и капитенот Стефан Ристовски.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Ристовски претходниот собир на репрезентацијата го пропушти поради повреда, но сега повторно е тука за оваа последна проверка пред почетокот на квалификациите за Европското првенство идната година.

„Изморени се, посебно јас затоа што со Динамо имав многу натпревари. Сепак, на некои играчи кои имаат слаба минуатажа овие натпревари добро ќе им дојдат. Не можеме да бараме алиби затоа што репрезентацијата е светост и сите сонуваат да го носат овој дрес. Двата натпревари кои ни следуваат ќе ги одработиме најпрофесионално. На секој играч кога игра приоритет е да се победи, не познавам некој играч кој не сака да игра. Низ вакви натпревари може да се подигне самодовербата која лесно може да се изгуби, а потешко се крева“, изјави капитенот.

Македонија утре од 18:00 часот ќе игра против Финска, додека в недела не очекува уште еден пријателски натпревар во Скопје против репрезентацијата на Азербејџан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

За потписот на Леао во игра се неколку клубови!

Рафаел Леао најверојатно ќе замине од Милан ова лето. Како ПАМЕТНО да типувате на World Cu…