Покрај селекторот Игор Ангеловски (неговата изјава можете да ја погледнете тука) денес за медиумите зборуваше и заменик капитенот Стефан Ристовски.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
„Имаме густ распоред, но тоа не може да биде алиби. Очекуваме да биде напорно, вирусот ги поремети работите, но мора да се прилагодиме на ситуацијата. Поразот во Ереван не сме го заборавиле. Во тој натпревар кај нсе беше лошо…Верувам дека утре ќе одиграме подобро и ќе победиме“, изјави Ристовски.
Натпреварот против Ерменија се игра утре со почеток од 15:00 часот на Арената „Тодор Проески“.