Дома Фудбал Ривали се само на теренот: Денес ќе бидат противници, а ноќта ја минаа во заедничко опуштање (ФОТО)

Ривали се само на теренот: Денес ќе бидат противници, а ноќта ја минаа во заедничко опуштање (ФОТО)

Фудбалерите имале заедничко опуштање пред вечерашниот натпревар во Лигата на Нации.

Дека ривалството помеѓу нив е само на теренот, репрезентативците на Црна Гора и Србија покажаа со заедничка фотографија од Подгорица.

Вечерта пред историскиот натпревар на овие две селекции во рамките од Лигата на Нации беа на заедничко дружење.

Од едната страна Александар Митровиќ, Немања Радоњчиќ и Бранко Јовчиќ – од другата Филип Стојковиќ и Стафан Мугоша.

Јовчиќ и Стојковиќ се соиграчи во Црвена Звезда, додека за црвено-белите до неодамна настапуваше и Радончиќ.

Натпреварот помеѓу овие две селекции се игра вечерва со почеток во 20:45 часот.

https://www.instagram.com/p/BoxTFEHj86C/?utm_source=ig_embed

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Влезе во 79. минута, па со гол и асистенција ја запечати победата на Цирих

Селмин Хоџа беше меѓу клучните играчи во гостинскиот триумф на Цирих над Јанг бојс со 5:3.…