Дома Фудбал Останато Репрезентацијата на Украина ќе игра пријателски натпревари со Сити, Јунајтед и Арсенал?

Репрезентацијата на Украина ќе игра пријателски натпревари со Сити, Јунајтед и Арсенал?

Украинските репрезентативци ги очекува баражот за пласман на Светското првенство во Катар, а за дуелот со Шкотска би можеле да се подготвуваат во пријателски средби против Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити и Арсенал.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


На Островот денес е објавено дека украинскиот селектор Олександр Петраков изразил надеж неговиот тим да одигра неколку пријателски средби пред дуелот со Шкотска.

Натпреварот како и останатите баражи требаше да биде веќе одигран, но истиот се одложи поради инвазијата на Русија во Украина. Фудбалерите беа спречени да играат фудбал, а многу од нив и помагаат во армијата.

Најавите се дека сите пари од пријателските натпревари ќе бидат донирани во хуманитарни цели.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Тодороски беше незапирлив – со два гола му помогна на ТСЦ да освои бод (ВИДЕО)

Македонскиот фудбалер Андреј Тодороски постигна два гола за ТСЦ во ремито (2-2) против Рад…