Дома Фудбал Останато Репрезентативецот на Луксембург кој го шокираше Реал: Снимката ја погледнав повеќе од 100 пати!

Репрезентативецот на Луксембург кој го шокираше Реал: Снимката ја погледнав повеќе од 100 пати!

Победата на тимот на Бобан Николов, Шериф Тираспол над Реал Мадрид силно одекна во фудбалска Европа и тоа е едно од најголемите изненадувања во историјата на Лигата на шампионите.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Молдавскиот шампион ги победи „кралевите“, а победничкиот гол го постигна репрезентативецот на Луксмебург Себастиен Тил. Тој испрати одличен удар од колу 20-тина метри и ја смести топката во мрежата. Дефинитивно ова е најголемата победа во историјата на Шериф.

Тил се уште не може да поверува што направил.

„Сите мои пријатели ја поставија снимката на друштвените мрежи, па кога и да го земам телефонот во раце морам да ја видам. Таа снимка ја изгледав повеќе од 100 пати. После ова многу луѓе во Луксембург знаат кој сум. Голот е чудесен, најважен во мојата кариера. Како деца сонувавме за ова“, изјави Тил.

За репрезентацијата на Луксембург Тил одигра 16 натпревари и постигна еден гол.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барселона бара кредит од 210 милиони евра за трансфери

Раководството на Барселона планира сериозна инвестиција на летниот трансфер пазар. Како сп…