Јуриј Вернидуб, тренерот на молдавскиот шампион Шериф се приклучи на украинската војска откако пред неколку дена најави дека тоа ќе го направи.
Вернидуб сезонава со Шериф за кој настапува и македонскиот фудбалер Бобан Николов се прослави со победата над Реал Мадрид во Лигата на шампионите, а сега ќе помага на својата земја.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Роден сум во Украина, живеам во Украина и сакам да дадам поддршка за луѓето во Украина кои беа погодени од инвазијата на Русија. Горд сум на луѓето кои ја бранат земјата“, изјави Вернидуб пред неколку дена и додаде:
„Имам жена, две деца, браќа и сестри и м посакувам дравје и оваа војна да не ги допре. Кога ќе стигнам во Молдавија ќе барам да одам кај своето семјество. Ако е потребна моја помош секогаш ќе бидам тука. Тешко е да се зборува во оваа ситуација“, изјави Вернидуб.
Sheriff Tiraspol manager Yuriy Vernydub is primed and ready!
— Zorya Londonsk (@ZoryaLondonsk) February 28, 2022
He defeated Real Madrid in the autumn
Now he’s joined the territorial defence effort too 🇺🇦🇺🇦🇺🇦 pic.twitter.com/8OsY7kOHST