Дома Топ вести Реми на Вардар и Звезда во Анталија

Реми на Вардар и Звезда во Анталија

Вардар денес ремизираше во натпреварот со Црвена Звезда, натпреварот заврши без голови 0:0.

Овој натпревар го следеше и селекторот Игор Ангеловски. Звезда имаше повеќе од играта, меѓутоа благодарение на Гачевски и одбраната на Вардар резултатот остана оној почетниот. Во една прилика српскиот тим ја погоди и стативата.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во првиот дел скоро и да не видовме шанси, се играше повеќе на средината на теренот.

Звезда ја превзема иницијативата во второто полувреме, а во една прилика ја погодија и стативата. Во самиот финиш пропуштија и голема шанса преку Крстовиќ да дојдат до победата. Играчот на Звезда од добра позиција шутираше на над голот.

За Вардар ова е прв натпревар во кој остана непоразен, после трите порази во претходните „контролки“ во Анталија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Позната главната трансфер цел на Јувентус

Италијанскиот гигант Јувентус покажува силен интерес за Мејсон Гринвуд кој оваа сезон…