Дома Фудбал Реми на Барселона и Наполи, Елмас одличен! 🎥

Реми на Барселона и Наполи, Елмас одличен! 🎥

Барселона и Наполи денес ремизираа во првиот натпревар од 1/16 финалето во Лигата на шампионите.

Домаќините има повеќе напади и удари, но и Наполи беше и тоа како конкретен и опасен во своите прилики. Резултатот беше отворен после половина час преку Зјелински. За овој гол огромни заслуги имаше и македонскиот репрезентативец Елиф Елмас. Елиф со маестрален дриблинг го исфрли Жорди Алба од игра после што го пронајде Зјелински кој од вториот обид ја смести топката во мрежата.

До изедначување Барселона стигна во второто полувреме и тоа од пенал преку Феран Торес. До крајот на натпреварот Барселона беше тимот кој создаде повеќе шанси, но резултатот не се промени па остана 1:1.

Во останатите три натпревари изненадување е поразот на Борусија Дортмунд дома од Ренџерс (2:4), Бетис во Русија го победи Зенит со 2:3, Шериф на Бобан Николов славеше победа од 2:0 против Брага Николов на теренот беше до 89. Минута.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Санчо бара три милиони евра: Хетафе отпадна, саудиска понуда е во игра

Џејдон Санчо не ја прифатил понудата на Хетафе, а клуб од Саудиска Арабија е подготвен да …