Дома Фудбал Останато Рекорд: Мбапе вчера беше побрз од просечната брзина на Усаин Болт! (ВИДЕО)

Рекорд: Мбапе вчера беше побрз од просечната брзина на Усаин Болт! (ВИДЕО)

Килијан Мбапе освен што важи за еден од најдобрите важи и за еден од најбрзите фудбалери во светот, а тоа го потврди против Монако.

Пари Сен Жермен во неделата навечер славеше победа од 3:1 со хет-трик на францускиот фудбалер кој со тие три гола стана најмладиот играч кој постигнал 30 голови во една сезона во Лига 1.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Освен тоа во еден момент од натпреварот против Монако измерена е негова брзина од 40 km/h

Тој со препознатлив спринт побегна на одбраната на Монако и постигна гол за 1:0 во 15-тата минута после асистенцијата од Диаби.

„Марка“ неодамна ја истражуваше брзината на сите фудбалери кои настапувале за Барселона и најбрз беше Нејмар со 34 km/h, додека најголемата измерена брзина ја имаше Арјен Робен од Баерн со 37 km/h на еден натпревар на натпревар од Светското првенство.

Просекот Усаин Болт, најбрзиот човек во светот е некаде околу 36.7 km/h, па сега можете да претпоставите со колкава брзина трчаше Мбапе…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Рома и со играч помалку го победи Милан, пирова победа на Ливерпул

Рома и Аталанта се пласираа во полуфиналето од Лига Евопа откако беа подобри од Милан одно…