Интер одигра уште една катастрофална сезона и ова лето сигурно ќе направи реконструкција на тимот и ќе пристигнат многу нови фудбалери на „Џезепе Меаца“.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
На неколкумина ќе им биде отворена излезната врата бидејќи не се покажаа како достојни да го носат дресот на миланскиот гигант, а медиумите тврдат дека „нероаѕурите“ ќе продадат и една од ѕвездите на тимот.
Имено, Иван Перишиќ би можел да го напушти Интер и да се пресели во Пари Сент Жермен за сума помеѓу 50 и 60 милиони евра.
За 28 годишниот постои голем интерес и од клубови од Премиерлигата, за неговите услуги се заинтересирани Манчестер Јунајтед, Челзи и Арсенал.
Перишиќ сезонава за Интер одигра 34 натпревари, притоа постигна 10 погодоци, а медиумите тврдат дека „нероаѕурите“ се спремни да го продадат.