Шпанецот повторно на островот, кај својот поранешен менаџер?
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Шпанскиот голман и фудбалер на Наполи, Пепе Реина е цел на новиот Премиерлигашки тим, Њукасл. Како што пренесуваат англиските медиуми, Рафаел Бенитез контактирал со својот омилен голман и го прашал за повторна соработка.
Бенитез го доведе Реина во Ливерпул во 2005. година од Виљареал како замена за Јиржи Дудек. Реина во Ливерпул помина осум години, па во 2013. година замина на позајмиа во Наполи, а потоа и во Баерн Минхен, и на крајот Наполитанците го откупија во 2015. година.
Реина има 34 години, но има богато искуство и сосема сигурно би бил добро засилување за повратникот во Премиер лигата.