Дома Трансфер зона Реина на излезни врати, но на Наполи му се нуди идеално решение и човекот кој е шампион на Европа?

Реина на излезни врати, но на Наполи му се нуди идеално решение и човекот кој е шампион на Европа?

Како што пренесуваат италијанските медиуми, Наполи би можел да добие големо засилување.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Пепе Реина веорјатно наскоро ја завршува својата епизода во Наполи и заминува на крајот од сезоната, неговиот договор со Наполи истекува на крајот од сезоната.

Поради тоа Маурицио Сари веројатно ќе остане без својот прв чувар на мреѓата, а според пишувањето на медиумите на Апенините нема да има потреба премногу да се грижи.

Имено, Наполи има прилика да го доведе првиот голман на репрезентацијата на Португалија и долгогодишниот чувар на мрежата на Спортинг Лисабон, Руи Патрисио.

Португалецот има прилика после 17 години да го напушти Лисабон и да се проба во некоја квалитетна лига. Доколку Патрисио навистина сака да се пресели во Италија, ова за Наполи е шанса која не смее да ја пропушти.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…