Дома Топ вести Реина денес ги минува прегледите во Милан

Реина денес ги минува прегледите во Милан

Шпанскиот голман Пепе Реина денес треба да ги помине медицинските прегледи во Милан, а потоа ќе стави потпис на двегодишен договор, пренесуваат италијанските медиуми.

Договорот на Реина со Наполи истекува на крајот на сезоната, па Шпанецот веќе се договори со „росонерите“ и ќе се пресели на „Сан Сиро“ на лето како слободен играч.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Реина после натпрварот со Интер остана во Милано и денес ќе ги помине медицинските прегледи и ќе стави потпис на двегодишен договор со Милан.

Реаина се согласи да биде втор голман во Милан, па неговото доаѓање нема врска со иднината на Донарума.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Салфетка со потписот на Меси за Барселона продадена за скоро милион евра📷

Oткако неодамна беше објавено дека на аукција е ставена салфетката на која Лионел Меси пот…