Дома Фудбал Реал ја предава титулата во Ла Лига: Анчелоти го одмара цел тим за викендот

Реал ја предава титулата во Ла Лига: Анчелоти го одмара цел тим за викендот

Фудбалерите на Реал Мадрид посакуваат ново финале во Лигата на шампионите, па поради предноста на Барселона, Ла Лига е во втор план.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Барселона веќе во недела може метаметички да ја обезбеди титулата, но во Мадрид не се грижат премногу и фокусирани се на реваншот против Манчестер Сити.

Карло Анчелоти на денешниот тренинг им даде одмор на одредени играчи, па така со првиот тим денес не тренираа Карвахал, Алаба, Крос, Родриго и Бензема. Освен нив се очекува одмор против Гетафе да добијат Модриќ и Винисиус.

Добра вест за Реал Мадрид е што Ферлан Манди се опорави и се врати во составот, па ќе биде спремен за Манчестер Сити. Против Гетафе Реал игра во сабота од 21:00 часот, додека во среда во истиот термин гостува „Итихад“, првиот натпревар во Мадрид заврши без победник 1:1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Денес игра на Светското првенство, а „утре“ оди на суд поради стравични обвинувања!

Мароканскиот фудбалер Ашраф Хакими ќе треба да излезе пред судот во Франција поради обвину…