Дома Фудбал Реал спреми нов договор за Начо

Реал спреми нов договор за Начо

Реал Мадрид со нов договор сака да го награди дефанзивецот, Начо Фернандез, пренесуваат шпанските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Раководството на „белите“ е подготвено на искусниот дефанзивец да му понуди нов договор – до летото 2024 година, што е 12 месеци подолго од сегашниот.

32-годишниот Начо минатата сезона забележа 42 настапи во сите натпреварувања за Реал Мадрид и Анчелоти му верува, иако оваа сезона не добива голема минутажа.

Поранешниот шпански репрезентативец е дете на клубот, а веќе цели 11 години е дел од првиот тим, a Реал наскоро ќе започне преговори со неговиот агент за продолжување на соработката.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Интер ќе понуди нов договор на Димарко

Интер планира да го продолжи договорот на дефанзивецот Федерико Димарко, според новинарот …