Реал Мадрид вчера во возбудлив натпревар со 3:2 славеше против Наполи, а во овој натпревар Лука Модриќ конечно доби шанса откако два натпревари во низа остана на клупата. Такво нешто претходно му се случило пред 11 години.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Модриќ не настапи во натпреварите против Лас Палмас и Жирона во Ла Лига, откако претходно не беше на нивото против Атлетико Мадрид.
И по овој натпревар Хрватот е критикуван, па така најпознатите шпански медиуми излегоа со став дека Модриќ го одиграл своето во Мадрид. Шпанската „Марка“ го оцени со очајна „петка“, таква оценка добија и Кепа и Начо од првиот тим и резервистот Ферланд Менди.
За Шпанците овој натпревар е уште еден доказ дека Модриќ едноставно потонал во хиерархијата во Реал.
Со оглед на годините на Модриќ не му се даваат многу шанси дека ќе ја врати старата форма.