Зидан е спремен на се за да го доведе својот сонародник на „Бернабеу“.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Французинот по секоја цена сака да го види Погба во својот тим и тоа во зимскиот преоден рок. Одолеваше Манчестер Јунајтед во текот на летото на понудите, па Реал остана без својата мета.
Меѓутоа медиумите најавуваат дека Реал нема да се откаже и пишуваат за нова понуда. Наводно во Реал се спремни да понудат пари плус Герет Бејл и Хамес Родригез.
Бејл се поврзуваше со Манчестер Јунајтед, па оваа понуда би можела да ги задоволи апетите на Јунајтед.
Погба на „Олд Трафорд“ е потполно непрепознатлив и се добива впечаток дека е незадоволен и дека сака да ја промени средината.
Бејл остана во Мадрид во текот на летото, иако доби голема понуда од Кина, па досега одигра седум меча и постигна два гола, но неговиот однос со Зидан не се поправи, а „кралевите“ сметаат дека тој е „клучот“ за Погба.