Од Реал Мадрид донеле одлука да не ја уважат со никакво присуство церемонијата на ФИФА за наградите за најдобрите во 2022 година.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
„Марка“ открива дека Реал ќе ја бојкотира церемонијата „FIFA The Best“, на која за најдобар ќе биде прогласен Лионел Меси, за најдобар тренер Лионел Скалони, а за најдобар голман Емилијано Матинез.
Во секоја категорија „кралскиот“ клуб имаше свои претставници во Карим Бензема, Карло Анчелоти и Тибо Куртоа.
Притоа се очекува Бензема, Модриќ и Куртоа да бидат избрани во идеалниот тим на годината. Гала церемонијата ќе се одржи во 21 часот во Париз, но никој од Реал нема да присуствува.