Шпанскиот шампион Реал Мадрид бара засилувања за следната сезона, а едно од нив би можел да биде Пол Погба, кој летово си заминува од Манчестер јунајтед како слободен играч.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Погба има договор до крајот на сезоната, а тоа предизвика шпекулации од „ЕСПН“, кои наводно контактирале со извор близок до фудбалерот и дознале дека се водат преговори за негова преселба во Шпанија.




Французинот не сака да остане во Англија и планира да си замине ова лето, а освен Реал Мадрид, интерес за неговите услуги покажаа и Јувентус и ПСЖ.




Реал Мадрид веќе го договори Антонио Рудигер, а наскоро се очекува потпис и со Килијан Мбапе, кој треба бесплатно да се пресели во Шпанија.