Дома Трансфер зона Реал Мадрид стави шест фудбалери на продажба

Реал Мадрид стави шест фудбалери на продажба

Реал Мадрид е спремен да слушне понуди за шест свои ѕвезди ова лето, пренесува „Марка“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Станува збор за фудбалери кои немаат статус на стартери во тимот на Анчелоти и клубот е спремен да ги продаде.

Четворица од нив влегуваат во последната година од договорот, а Реал не сака следното лето да ги загуби без обештетување.

Станува збор за Дани Себаљос, Марко Асенсио, Лука Јовиќ, Маријано Дијас, Хесус Ваљехо и Андреј Лунин.

„Марка“ тврди дека овие фудбалери се на трансфер пазарот, но тоа не значи дека Реал сигурно ќе ги продаде, туку само во случај ако пристигне задоволителна понуда.

Неколку европски клубови се заинтересирани за овие фудбалери, па доколку пристигне добра понуда Реал е спремен да ја прифати.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…