Дома Трансфер зона Реал Мадрид спремен да ја плати клазулата од 60 милиони евра за стоперот на Атлетико!

Реал Мадрид спремен да ја плати клазулата од 60 милиони евра за стоперот на Атлетико!

Реал Мадрид има намера да ја засили одбраната и тоа со фудбалерот од редовите на градскиот ривал Атлетико Мадрид.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Како што пренесуваат шпанските медиуми, Реал Мадрид е спремен да ја активира клазулата во договорот на Хозе Марија Хименез која изнесува 60 милиони евра.

Од таборот на „кралевите“ наводно се убедени дека за спомената сума и не можат да пронајдат подобар фудбалер на позицијата стопер, наведе „Марка“.

Хименес оваа сезона во главно беше во втор план кај тренерот Диего Симеоне кој предност им даваше на Диего Годин и Стефан Савиќ.

Уругваецот оваа сезона како стартер настапи на 17 натпревари во Примера.

Хименез во Атлетико пристигна во 2013 година од Дануби, а би можел да тргне по стапките на Тео Ернандез кој минатото лето премина во редовите на градскиот ривал.

Треба да се истакне и дека Хименез ќе биде дел од селекцијата на Ургувај која ова лето ќе настапи на Мундијалот во Русија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…