Дома Топ вести Реал Мадрид подготви понуда за Погба

Реал Мадрид подготви понуда за Погба

Зидан е спремен на се за да го доведе својот сонародник на „Бернабеу“.

Французинот по секоја цена сака да го види Погба во својот тим и тоа во зимскиот преоден рок. Одолеваше Манчестер Јунајтед во текот на летото на понудите, па Реал остана без својата мета.

Меѓутоа медиумите најавуваат дека Реал нема да се откаже и веќе спремил нова понуда. Имено, Флорентино Перез е спремен да понуди 85 милиони евра плус двајца фудбалери.

Станува збор за Хамес Родригез и Маријано Дијаз. Двајцата играчи му де допаѓаат на Солскјер, а не се во плановите на Зидан.

„Црвените ѓаволи“ се во потрага по напаѓач и креативен офанзивец, но прашање е дали ќе ја прифатат оваа понуда бидејќи за потписот на Погба бараат 150 милиони фунти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…