Сергеј Милинковиќ-Савиќ повторно игра во врвна форма и беше еден од најзаслужните за добрите резултати на Лацио минатата сезона.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
За Србинот интерес покажаа многу европски гиганти, но никој не беше спремен да плати 100 милиони евра, колку што бараше Лацио за неговата слобода.
Италијанските медиуми тврдат дека за Милинковиќ-Савиќ силен интерес покажува Реал Мадрид, кој веќе стапил во контакт со неговииот агент.
Поради потешкотиите да дојдат до потписот на Погба, „кралевите“ ќе се насочат кон СМС, играч за кого Зидан смета дека би бил идеален за неговата формација.
На лето Модриќ најверојатно ќе го напушти Реал Мадрид бидејќи му истекува договорот, а Милинковиќ-Савиќ би требало да биде замена за хрватот.