Дома Трансфер зона Реал Мадрид заинтресиран за Далот

Реал Мадрид заинтресиран за Далот

Реал Мадрид покажува силен интерес за дефанзивецот на Манчестер Јунајтед и португалски репрезентативец, Диого Далот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Реал на лето сака да доведе десен бек како алтернатива за Карвахал, а прв избор е токму Далот, кој подеднакво добро може да игра и како лев бек.

Далот оваа сезона е стандарден кај Тен Хаг и игра одлично, па Манчестер Јунајтед сака да му го продолжи договорот.

Реал ја следи ситуацијата и веќе стапил во контакт со неговиот агент, па сака да го доведе на лето на „Сантиаго Бернабеу“.

Весникот „АС“ пренесува дека „кралевите“ спремаат понуда од 40 милиони евра и веруваат дека тоа ќе ги задоволи апетитите на „црвените ѓаволи“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…