Дома Фудбал Реал Мадрид го избра новиот капитен

Реал Мадрид го избра новиот капитен

Реал Мадрид со заминувањето на Карим Бензема доби и нов капитен, Французинот ќе биде наследен од Начо Фернандез кој беше заменик капитен додека Бензема го носеше дресот на „кралевите“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Именувани се и замениците на Начо за претстојната сезона. Втор капитен ќе биде Лука Модриќ, трет Дани Карвахал, а четврти Тони Крос.

Начо е дете на Реал и целата своја кариера ја помина во Мадрид. Имаше само 11 години кога пристигна, додека на првиот тим се приклучи во сезоната 2010/2011. Во Ла Лига дебитираше на 23-ти април 2011 како лев бек против Валенсија на „Местаља“.

Вкупно одигра 319 официјални натпревари и освои 21 трофеј, вклучувајќи четири во Ла Лига и пет во Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нукасл договори замена за Ентони Гордон

Нукасл договори трансфер на левото крило на Хофенхајм, Базумана Туре, јавуваат Фабрицио Ро…