Дома Трансфер зона Реал и ПСЖ се „тепаат“ за новиот Погба

Реал и ПСЖ се „тепаат“ за новиот Погба

Младиот француски репрезентативец и член на Рен, Едуардо Камавинга привлече вниманието на многу европски гиганти.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


17-годишниот играч за врска оваа сезона добива се поголема минутажа во тимот на Рен, а миниот викенд постигна победоносен гол против Лион.

Младиот Французин со своите настапи го привлече вниманието на многу европски гиганти, а дека станува збор за вонсериски талент говори и фактот дека веќе го доби епитетот „новиот Погба“.

Зидан сака да го донесе во своите редови, па Реал веќе остварил првични контакти за ангажман на Камавинга, но „кралевите“ ќе се соочат со жестока конкуренција бидејќи за играчот силен интерес покажува и ПСЖ.

Манчестер Јунајтед, Милан и Барселона исто така го следат младиот фудбалер, кој е роден во Ангола, но интересот на „кралевите“ и на „светците“ е најконкретен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…