Давид Алаба на крајот на сезоната ќе го напушти Баерн Минхен како слободен агент, па веќе започна трката за неговиот потпис.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Реал Мадрид важи за фаворит за потписот на Австриецот, но сега во трката сериозно се приклучи и Челзи.
Според бројни информации, 28 годишниот дефанзивец е блиску до мадритски Реал со кој веќе води преговори. На големо се пишуваше дека Алаба и има договор, но последните информации говорат дека тоа не е така.
Ситуацијата сака да ја искористи Челзи и да го донесе Алаба на „Стенфорд Бриџ“, бидејќи новиот тренер Томас Тухел силно го посакува Австриецот.
„Сините“ веќе стапиле во контакт со агентот на Алаба и се спремни да понудат пободат договор од тој кој го нудат „кралевите“.