Дома Трансфер зона Реал го нуди Азар и пари за Џејмс

Реал го нуди Азар и пари за Џејмс

Реал Мадрид е силно заинтересиран во своите редови да го доведе дефанзивецот на Челзи, Рис Џејмс.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Во шпанскиот гигант го гледаат 22-годишниот Џејмс како долгорочно решение за десната бековска позиција и се спремни во договорот да го вклучат и Еден Азар.

Џејмс ги помина сите младински категории на Челзи, каде е од 2006 година и моментално е стандарден во првиот тим на „сините“.

Особено блеска оваа сезона каде на 22 меча директно учествуваше во 11 погодоци за Челзи, па се етаблираше во еден од најдобрите десни бекови во Премиер лигата.

Џејмс е проценет на 70 милиони евра, но Челзи не сака да го продава. Поради тоа Реал е спремен да го понуди Азар плус пари за да го добие потписот на десниот бек.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…