Дома Топ вести Реал го купува Погба, веднаш штом ќе се ослободи од Бејл

Реал го купува Погба, веднаш штом ќе се ослободи од Бејл

Реал Мадрид е подготвен да му понуди на Манчестер Јунајтед 150 милиони евра за Пол Погба, но најпрвин треба да се ослободи од Герет Бејл, тврдат шпанските медиуми.

Интересот на Реал за Погба не е тајна и „кралевите“ веќе подолго време работат на трансферот, но досега проблем правеше високата цена која ја одреди Манчестер Јунајтед.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Можноста на заминувањето на Погба од Јунајтед ја најави и неговиот менаџер Мино Раиола во неодамнешното интервју каде откри „дека сите клубови знаат дека Пол сака да оди и дека интензивно се работи во таа насока“

Што се однесува до Бејл, Кралскиот клуб ќе стори се што е можно да се ослободи од него, тоа е веќе извесно особено по изјавата на тренерот Зинедин Зидан, кој изјави дека „тој мора да оди од клубот“.

Со заминувањето на Велшанецот, Реал ќе се ослободи од неговата висока плата, па ќе може да го финансира трансферот на Погба.

Не е исклучено Бејл да биде понуден и како дел од трансферот на Французинот и кариерата да ја продолжи на „Олд Трафорд“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Завршува уште една ера: Со Клоп од Ливерпул заминува и фудбалерот кој пристигна во 2016 година

Јирген Клоп ќе замине на крајот од сезоната од Ливерпул, тоа е веќе потврдено, меѓутоа со …