Дома Трансфер зона Реал го блокира трансферот на Себаљос во Валенсија

Реал го блокира трансферот на Себаљос во Валенсија

Играчот за врска на Реал Мадрид, Дани Себаљос ова лето се пресели во Арсенал на позајмица, но сака уште во јануари да го напушти „Емирати“.

23-годишниот шпански плејмејкер побара од мадридскиот тим да го раскине договорот за закуп со „топџиите“ пред крајот на сезоната и да му овозможи да пронајде нов клуб во јануари.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сега „Марка“ пренесува дека Реал Мадрид ја отфрлил можноста Себаљос да се пресели во Валенсија, бидејќи не сакаат да засилуваат директен конкурент од Примера.

Себаљос сака да го напушти Арсенал во потрага по поголема минутажа пред Европското првенство и веќе постигнал договор со Валенсија, но Реал го „блокира“ неговиот трансфер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

„Бомба“: Баерн Минхен го сака Ван Дајк

Фудбалерот на Ливерпул Вирџил ван Дајк размислува да го напушти клубот.  Ван Дајк нал…