Дома Фудбал Реал го „блиндира“ Камавинга

Реал го „блиндира“ Камавинга

Играчот на Реал Мадрид, Едуардо Камавинга веќе се етаблираше во еден од најдобрите фудбалери на „кралскиот“ клуб и ги освои сите можни трофеи.

Иако има само 21 години Французинот е еден од најдобрите играчи за врска во Европа и за него интерес покажуваат многу европски гиганти.

Поради тоа Реал реши да го награди со нов договор и преговорите со неговиот агент се во напредна фаза.

Французинот ги одбил сите понуди од други клубови и се очекува наскоро Камавинга да стави потпис до 2028 година со значително повисока плата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Проектил од 20 метри го урна Шангај на Милојевиќ

Ширасаки со спектакуларен погодок ѝ донесе победа на Мачида од 1:0, а Шангај Шенхуа го пре…