Дома Фудбал Англија Рашфорд верува дека Манчестер Јунајтед може да заврши во Топ 4

Рашфорд верува дека Манчестер Јунајтед може да заврши во Топ 4

Младата ѕвезда на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд е оптимист и верува дека неговиот тим на крајот на сезоната може да заврши во Топ 4 во Премиер лигата.

„Црвените ѓаволи“ многу лошо ја отворија сезоната и после првата третина се наоѓаат на средина од табелата. Во моментов разликата со тимовите кои се наоѓаат во Топ 4 е точно десет бода.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тоа значи дека доколку продолжат вака голема е веројатноста на „Олд Трафорд“ да не се игра елитен фудбал и следната сезона, но Рашфорд е оптимист.

„Ќе биде многу тешко, но не е невозможно. Не треба да се фокусираме на другите тимови. Го играме најубавиот фудбал кога се фокусираме на нас самите. Тоа е единствениот начин Манчестер Јунајтед да игра убав фудбал, а ние мора да се вратиме на тие патеки“, истакна Рашфорд.

„Олд Трафорд е посебно место и на ривалите не им е лесно кога доаѓаат овде. Имаме поддршка од навивачите и кога сме во елемент на противниците им е тешко да не запрат“, додаде Рашфорд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ипсвич се врати во Премиер лигата

Ипсвич со победа на Хадерсфилд од 2-0 го завери пласманот во Премиерлигата каде се враќа п…